ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ТЕЛЕШОП ДООЕЛ СКОПЈЕ И ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

  1. ВОВЕД

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување производи преку веб-страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје www.teleshop.mk.

Секој од подолу наведените изрази го има следново значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:

Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб-страницата www.teleshop.mk и ја разгледува понудата на производи на Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

Купувач е физичко или правно лице кое преку веб-страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје нарачува и купува производи од понудата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Телешоп ДООЕЛ – Скопје се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за за начинот на пристап и користење, односно купување на производите на Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

  1. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој купува производи од понудата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје потребно е да се регистрира/најави на веб-страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје за да може да се реализира онлајн нарачката.

Корисникот има можност да се регистрира како онлајн купувач за да има преглед на своите онлајн нарачки или до други пресонализирани содржини. Оттука, регистрацијата како онлајн купувач со цел да се изврши нарачка на одредени производи од нашата понуда е овозможена.

Регистрираниот корисник односно купувач со пополнување на обрасците при купување од веб страницата www.teleshop.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи услови за онлајн нарачка, плаќање и купување производи преку веб страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

  1. УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за производите на Телешоп ДООЕЛ – Скопје купени преку веб страницата www.teleshop.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

  • Плаќање со платежна картичка;
  • Еднократно плаќање при испорака на домашна адреса;
  • Плаќање со банкарски трансфер (вирмански).

3.1. Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Стопанска банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот. Исто така, производите можат да се плаќаат и со платежни картички издадени од домашни банки во Р. Македонија кои се користат за електронски плаќања.

При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта.

3.2. Еднократно плаќање при испорака на домашна адреса

Купувачот на нарачаниот производ преку веб-страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје истиот го плаќа еднократно на рака на доставувачот при испорака на производот на домашна адреса.

3.3. Плаќање со банкарски трансфер (вирмански)

Плаќањето ќе биде на нашата трансакциска сметка. При плаќање задолжително напишете го и бројот на нарачката. Вашата нарачка ќе биде испратена веднаш штом средствата ќе легнат на нашата трансакциска сметка.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката се наплаќа во износ од 150 денари, без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките ќе се врши преку доставните фирми Делко и Карго Експрес – партнери за логистика на Телешоп ДООЕЛ – Скопје за овој вид испораки.

Делко и Карго – партнери за логистика на Телешоп ДООЕЛ за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 5 работни дена по извршената онлајн нарачка.

Доколку доставувачот – овластеното лице на партнерот за логистика на Телешоп ДООЕЛ – Скопје за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до испраќачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.

  1. ОДГОВОРНОСТ НА ТЕЛЕШОП ДООЕЛ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Телешоп ДООЕЛ – Скопје во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку таа настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од кои било причини таа е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Телешоп ДООЕЛ -Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

Телешоп ДООЕЛ -Скопје не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за која било предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги при онлајн купување.

  1. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Телешоп ДООЕЛ -Скопје се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на Телешоп ДООЕЛ -Скопје и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.

Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје www.teleshop.mk, се наведени во Политиката за приватност, која е објавена на веб страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје www.teleshop.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата и како тие се користат.

При посетата на веб страницата, Телешоп ДООЕЛ – Скопје не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи, внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, наградни игри или барања за информации.

Принципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје , вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

  1. ЕЛЕКТРОНСКОТО ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира Банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен протокол.

Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Телешоп ДООЕЛ -Скопје не ги собира гореспомнатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка.

Телешоп ДООЕЛ -Скопје по ниту една основа не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција, односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

  1. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку Купувачот се определи за плаќање на производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Телешоп ДООЕЛ – Скопје, Купувачот добива е-пошта на својата е-адреса со извештај за статусот на извршената уплата, т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.

Доколку Купувачот добие потврда по е-пошта на внесената е-адреса за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во продавницата на Телешоп ДООЕЛ – Скопје или на е-адресата contact@teleshop.mk или на тел. 02 3131 900. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција.

На сите кориснички рекламации и поплаки, Телешоп ДООЕЛ – Скопје ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

  1. ОСТАНАТО

Производот е резервиран за испорака по добиената потврда за плаќање од стана на Купувачот.

Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката сè уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.teleshop.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.

Телешоп ДООЕЛ – Скопје го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови, како и содржината на www.teleshop.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување производи преку веб страната на Телешоп ДООЕЛ – Скопје корисникот ќе може да ги прочита на веб страницата www.teleshop.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за Телешоп ДООЕЛ – Скопје.

Телешоп ДООЕЛ – Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Со цел да го промовираме воспоставениот концепт за заштита на приватноста во Телешоп ДООЕЛ – Скопје и да го појасниме начинот на кој вршиме обработка на личните податоци на посетитетелите, при нивната посета или регистрација на нашата интернет страница ја изготвивме оваа Политика за приватност.

Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашата интернет страница.

Собирање и обработка на Вашите личните податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашите интернет страници заради користење на наши производи (на пр. плаќање на електронска сметка, електронски нарачки, анкети, наградни игри) согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија.

Напоменуваме дека при електронската наплата, податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. Телешоп ДООЕЛ – Скопје ниту ги собира, ниту има пристап до овие податоци.

Политика на приватност

За кои цели?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите производи.

Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

Дали можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со други физички или правни лица, органи или тела?

Сите вработени во нашите компании се обврзани да ги чуваат Вашите лични податоци и обучени да обезбедат тајност и заштита при ракувањето со истите и при нивната обработка.

Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

 

Кои се Вашите права?

Доколку сте регистрирани на нашата интернет страница, врз основа на Ваше писмено барање имате право:

– да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или

– да пристапите до Вашите лични податоци и

– да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

 

Сигурност и заштита

Телешоп ДООЕЛ – Скопје е должен да ги преземе сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.

 

Промени на оваа Политика за приватност

Телешоп ДООЕЛ – Скопје го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност. За секое нејзино изменување или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет страница.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:

contact@teleshop.mk

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.